Ред Бул објавија видео на социјалните мрежи, со што го претставија својот нов болид – RB13, за новата сезона во Формула 1.
Зад воланот на автомобилот ќе седат Даниел Рикардо и Макс Верстапен. Боите повторно се познатите – сина, црвена и жолта, но овој пат мат.
Шасијата е изработена од Ред Бул, трансмисијата е 8-степена, суспензијата напред е карбонска, а одзади – pullrod, сопирачките се Brembo, а моторот е Red Bull Racing-TAG Heuer ( доставен од Renault) со над 900 КС и тежи 145 кг.