Трката во Формула 1 за Големата награда на Русија ќе се одржи на патеката во Сочи до 2025 година, изјави денеска заменик-премиерот Дмитриј Козак.
Организаторите потврдија дека е постигнат нов договор и дека договорот ќе биде продолжен за уште пет години, до 2025 година. Сочи во 2014 година за прв пат беше домаќин на трка во Формула 1, на местото каде што се одржаа одделни натпревари на Зимските олимписки игри во 2014 година.
Оваа година трката во Формула 1 за Големата награда на Русија ќе се одржи на 30 април.