По првиот предсезонски тест Луис Хамилтон изјави дека се разбира одлично со новиот соиграч Валтер Ботас и засега нема никакви проблеми со него.
“Она што ми остави впечаток во работата со Валтер досега и ми се допаѓа е тоа што сè е на патеката. Се разбираме таму, а не надвор од неа. Нема игри, сè е транспарентно. Мислам дека веќе имаме подобри работни односи од сите соиграчи кои сум имал досега. Валтер сака да го направи најдоброто на што е способен во првата година со тимот. За овој краток временски период Валтер се адаптира добро и знам дека работи многу напорно со инженерите за да влезе во ритам. Тој е многу позитивен човек како целина и сум среќен што работам со него.”, изјави трикратниот светски шампион .
Финецот стана дел од тимот на сребрената стрела пред само еден месец по неочекуваното повлекување на шампионот Нико Розберг. Не е тајна дека односот помеѓу новиот шампион Розберг и Луис беа затегнати, но сега мирот очигледно се вратил во гаражата на Мерцедес и сезоната 2017 ќе биде мирна за нив.