Генерал Моторс објави дека го остава бизнисот во Европа во рацете на Пежо. Износот на трансакцијата е 2,2 милијарди евра, а нејзин предмет се конструкторите Опел во Германија и Ваксал во Британија, кои го направија ГМ третиот најголем производител на автомобили.
Со оваа трансакција PSA Group, вклучувајќи брендови Пежо и Цитроен, станува европски производител број 2 по Volkswagen Group. Се очекува да произведува 5 милиони возила годишно.
ГМ ќе го задржи своето производство во Торино, каде ќе ја продолжи работата на електричните модели и договорите за производство на Buick.