Оваа сезона Формула 1 ќе претрпи големи промени во Правилникот, како и во новата генерација болиди. Покрај тоа присуството на новите сопственици Liberty Media веќе се чувствува и се очекува првенството, кое започнува на 26-ти март во Австралија, да понуди многу повеќе спектакл, возбудливи трки и што ли уште не.
Еве ги новите промени:
Времиња: Се очекува пилотите да запишуваат помеѓу 3 и 5 секунди подобри времиња од минатата година благодарение на подобрената аеродинамика на болидите и пошироките гуми.
Гуми: Значително поголеми. Ширината на задните од 325 мм стана 405 мм, а на предните од 245 мм на 305 мм.
Аеродинамика: Предните крила на болидите исто така пораснаа доста – од 1650 мм на 18000 mm. Задните пак освен пошироки, ќе се и пониски, што го прави дизајнот да изгледа доста агресивен. Генерално автомобилите ќе се пошироки, подолги, потешки и ќе имаат “акулска перка”.
Гориво: Дозволеното гориво е со 5 кг и веќе е 105 кг. Некои сепак сугерираат дека овие 5 кг нема да се доволни и тоа ќе доведе до заштеда на гориво на крајот на некои трки.
Тимови: На стартната линија ќе има само 10 тима и 20 пилоти. Менор не успеаја да излезат од финансиската криза во која се наоѓаа неколку години, и се повлекоа од спортот.
Трки: Календарот повторно е од 20 натпревари, со 1 помалку од минатата година. Причината е отсуството на Гран При на Германија.
Во оваа сезона нови лица во Ф1 има доста, а има и такви кој си заминаа, покрај шампионот Нико Розберг, замина уште еден поранешен шампион – Џенсон Батон, заминаа и Фелипе Наср и Естебан Гутиерес. Дојдоа Стофел Вандоорн кој ќе вози за Мекларен, и Ленс Строу за Вилијамс. Промени има и во други тимови – Валтер Ботас отиде на местото на Розберг во Мерцедес, Естебан Окон премина во Форс Индија, Паскал Веерлаин во Заубер, Кевин Магнус во Хас и Нико Хулкенберг во Рено.
Друг интересен факт е тоа што за прв пат од 1994 година наваму шампионот нема да ја брани титулата. Нико Розберг стави крај на својата кариера во Ф1 по крајот на сезоната 2016 – истото го направи и Ален Прост, откако ја освои својата четврта титула.