Мерцедес не ја чувствуваат загубата на светскиот шампион во Формула 1 Нико Розберг, бидејќи имаат доволно добар пилот кој ќе го замени, во лицето на Валтер Ботас, потврди Ники Лауда.
“Розберг не ни недостига. Тој си замина. Ние можеме и без него. Свесен сум дека задачата на Ботас нема да е лесна, но сега пред него се отвора можноста да го вози најдобриот автомобил во Формула 1, што е доволна мотивација. Верувам дека ќе биде барем толку добар како што беше Розберг. Нико напредуваше доста благодарение на тимот и колата. Значи оваа титула беше комбинација од Розберг и Мерцедес. Ако не бевме ние, тој немаше да стане светски шампион “, заврши Лауда.
Финецот ќе се натпреварува за сребрената стрела во сезоната 2017 во Формула 1, заземајќи го местото на шампионот Нико Розберг кој се повлече, а негов тимски колега е Луис Хамилтон.