Оваа година ќе ја гледаме за последен пат трката за Гран При на Малезија, потврди раководството на спортот. По 19 години во календарот организаторите на патеката “Сепанг” и новите сопственици на Формула 1 одлучија да се разделат.
Малезија влегува во календарот во 1999-та, но 2017 ќе биде финална и организаторите ветуваат настанот да е незаборавен.