Светскиот шампион на Формула 1 Нико Розберг потврди дека сака да продолжи да се занимава со моторспорт и во иднина по шокантното повлекувањето од Формула 1 како пилот на крајот на минатата година.
“Едно е сигурно – сакам да продолжам да се занимавам со моторспорт во каков било аспект, само не како пилот. Во моментов главно работам на социјални проекти кои им помагаат на деца и луѓе кои имаат потреба. Тоа значи многу за мене. Барам проект, на кој ќе го посветам целото свое срце”. изјави Розберг
Пилотот на Мерцедес Нико Розберг останува во историјата како втор син на шампион во Формула а, заработувајќи ја титулата сезонава, откако тоа во 1982 година го направи неговиот татко Кеке Розберг со тимот на Вилијамс.
Пред Нико прв тоа го постигнал Дејмон Хил во 1996 година повторно со британските болиди на Вилијамс.