Ford Mustang е најпродаван спортски автомобил во САД во последните 50 години и сега, благодарение на растечката популарност во Европа и на други места, овој модел е најпопуларниот спортски автомобил во светот.
Mustang се зацврсти во лидерството по продажба во 2016 година и стана најпродаван спортски автомобил во светот со над 150 000 продадени автомобили.
Светската продажба се зголеми за 6% во однос на 2015 година.