По повеќе од подолго време шпекулирање, Фиат ја објави замената за легендарното Пунто. Станува збор за Фиат Арго, нов хечбек модел на Фиат кој ќе биде достапен на пазарите во Јужна Америка и Индија, но засега не е познато дали ќе се најде на продажба во Европа.
Како што може да се забележи Арго е помала верзија од хечбекот на Типо и според досегашните информации ќе биде достапно во 57 кв три цилиндерски и 81 киловатен 1,3 литарски мотор со рачна и автоматска трансмисија.
Официјалната продажба треба да стартува до крајот на годината.