Помалиот брат на светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон – Николас, се враќа кон редовниот тркачки режим со учество во Renault UK Clio Cup од овој месец.
25-годишниот пилот, кој боледува од церебрална парализа ќе користи адаптиран автомобил. Тој се натпреваруваше за последно во 2015 година во Британскиот шампионат за туристички автомобили (BTCC) со Audi S3.
Во Renault UK Clio Cup Николас учествуваше во 2011 и 2012 година, а најдобар резултат му беше деветтото место.