Британските авто производители отсекогаш биле засенети од германските, италијанските, француските и јапоснките производители. Сигурно не сте знаеле дека дури десет авто брендови потекнуваат од “Островот”. Денес, од сите тие десет, само еден е во целосна сопственост на Британска компанија.
Во продолжение се прикажани сите десет производители и структурата на сопствеништво.
1. Aston Martin
Најпознат од сите, Астон Мартин е бренд кој својата популарност ја доживеа кон крајот и почетокот на овој век. До 2007 година овој бренд беше дел од Форд, но денес со него раководи Продрајв, холдинг во поственост на компании од САД, Кувајт и Италија.
2. Bentley
Во 1997 година Ролс Ројс се реши да го продаде овој бренд, а битката за негово купување ја водеа БМВ и Фолксваген. Денес овој бренд е во целосна сопственост на Фолксваген.
3. Jaguar
Јагуар, компанија која бележи се поголем пазарен удел во последните години е во сопственост на Тата Моторс од Индија. Најголемата компанија во Индија го откупи овој брен од Форд во 2008 година.
4. Land Rover
Покрај Јагуар, Тата во своја сопственост го има и Ленд Ровер, иконата на англиската авто индустрија.
5. Lotus
Брендот за спортски автомобили, Лотус долг период беше дел од Џенерал Моторс. Во 1986 година поради финански проблеми истиот е откупен од страна на италијанскиот бизнисмен Романо Артиоли кој подоцна го продаде на компаниајта Протон од Малезија.
6. MG (SAIC, China)
По банкротот на МГ Ровер во 2005 година кинеската компанија САИЦ во целост ги откупи акциите на овој англиски производител.
7. Mini
Во 2000 година откупи дел, а во 2005 година и целосно, денес 100% сопственик на Мини е германскиот производител БМВ.
8. Morgan
Основана уште во 1910 година, Морган и до ден денес е во сопственост на Британска компанија. Тој е единствениот бренд поседуван од компанија од Велика Британија. Но за колку долго?
9. Rolls-Royce
Ролс Ројс е уште еден англиски бренд во “рацете” на БМВ. Неговото купување и разделба од Бентли се случи во 1998 гдоина.
10. Vauxhall
10ти англиски бренд е Воксол. Овој бренд е дел од Џенерал Моторс (САД), но се очекува годинава целосно да биде отуѓен од ЏМ.