Долгоочекуваниот Шкода Карок конечно е претставен за јавноста. Вториот СУВ модел на Шкода е идентичен како Кодијак, со малку поголеми разлики во дизајнот на задниот дел и речиси идентичен во останатите елементи. Карок димензионално помал од Кодијак се наоѓа во ист сегмент со Фолскваген Тигуан и Сеат Атека, а во Шкода ќе го земи Јети. Според официјалните инфорации, Карок е долг 4382 милиметри, широк 1841 милиметар и висок 1605 милиметри и има меѓуоскино растојание од 2637 милиметри.
Карок ќе биде достапен и со бензински и дизелски мотор и тоа со 1,5 литарски TSV турбо бензински и 1,6 о 2,0 литарски ТДИ турбодизел. Во однос на цената се шпекулира дека основниот модел ќе чини околу 18 илјади евра.