More
    HomeТестовиТестПрви тестови на Алфа Ромео Стелвио (ВИДЕО)

    Први тестови на Алфа Ромео Стелвио (ВИДЕО)

    Објавено на

    Претставен на Авто саемот во Лос Анџелес во ноември минатата година, Стелвио за кратко време ги освои срцата на сите Алфисти. Како модел кој заедно со Џулија треба да ја вратат Алфа на старите патеки од пред 20тина години.

    ПРВ СУВ МОДЕЛ НА АЛФА РОМЕО. ИМА ЛИ ПРОСТОР ЗА СКЕПТИЦИЗАМ?

    Стелвио е првиот СУВ модел на Алфа Ромео. Всушност доколку ја погледнеме целата историја на овој производител Стелвио е втор модел. Така во 50тите години од минатиот век Алфа Ромео за потребите на италијанската војска го создаде теренецот Мата. Сепак овој модел не беше наменет за широка “потрошувачка”, па оттука Стелвио се смета за првиот СУВ модел на Алфа Ромео.

    Како претходник на Стелвио се смета Алфа Ромео Камал кој како концепт се појави во 2003 година. Сепак овој автомобил никогаш не влезе во сериско производство пред се поради финансиските неприлики кај оваа дивизија на тогашната Групација ФИАТ, но и поради недостатокот на know-how.

    Токму поради ова многу критичари гледаат на Стлевио со скептицизам. Тука се заборава на знаењето што Групацијата ФИАТ го доби по спојувањето со Крајслер пред се од инжињерите на Џип кој беа дел од развојот на Стелвио.

    Alfa-Romeo-1900M mod.jpg

    Алфа Ромео Мата 

    Италијанскиот дизајн комбиниран со искуството на Џип, моќноста на Ферари, одредени елементи од Масерати Леванте и ДНК-та на Алфа Ромео се сосема доволни “мирудии” за Стелвио да биде рамо до рамо со конкуренцијата.

    СТЕЛВИО СО МОТОР ОД ФЕРАРИ

    Според официјални информации брифирани од Алфа Ромео, Стелвио ќе биде достапен во по три варијанти со бензиски и дизелски мотор.

    Сите дизелски мотори се 2,2 литарски и го имаат веќе докажаниот Multijet мотор. Комбинираната потрошувачката на Стелвио со овие мотори се движи од 4,7 до 5 литри на 100 километри. Многу поривлечни се бензиските варијанти. Дво-литарскиот MultiAir  ќе ве чини 7 литри на 100 километри, а со овие мотори 100ката ќе ја достигнете за 5,7 секунди.

    Најмоќниот Стелвио поседува мотор од Ферари и тоа 2,9 литаски V6 Twin Turbo мотор со 505 коњски сили.

    ЕНТЕРИЕР ИДЕНТИЧЕН НА ЏУЛИЈА

    Внатрешноста на Стелвио е идентична како и на Џулија. Спортски, а луксузно, невообичаен за италијанските производители. Многу критичари веќе го прогласија ентериерот на Алфа Ромео Џулија како најдобар досега произведен од еден италијански произведувач.

    Image result for alfa romeo stelvio

     

    БРОЈНИ ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ КРИТКИ

    Велат, зад добриот коњ прашина се крева. И токму појавувањето на Стелвио на сцена предизвика најразлични реакции, бројни позитивни, но и бројни негативни критики. Влијателните магазини за автомобилизам се поделени околу впечатоците. Така AutoExpress, чие видео е во продолжение наведува дека Стелвио во моментов е најдобар СУВ модел, но конфорот во внатрешноста е просечен.

    “Толку се уплашени од Стелвио што конкуренцијата преку медиумите се обидува да го минира успехот на овој модел” изјави лице од администрацијата на Алфа Ромео. Како и да е Стелвио има одличен дизајн кој освојува на прв поглед, како и секоја друга Алфа, внатрешноста изгледа одлично, спорен е просторот на задните седишта кој и не е толку голем.

    ПОДОСТАПЕН ОД ЛЕВАНТЕ

    Иако се очекуваше дека цената на Стелвио ќе биде идентична како и на Масерати Леванти, сепак тој е далеку подостапен. Почетната цена во Италија изнесува 47,500 евра што го прави за 25 илјади евра поевтин во однос на Леванте, но исто така и ценовно конкурентен однос на директните конкуренти на Сттелвио, X3-та на BMV, Aуди Q5, Јагуар F-Pace и Мерседес GLC.

    Цената на Стелвио во САД се очекува да биде околу 50 илјади евра, цена што и таму е конкурентна со тамошната конкуренција.

    Како и да е цените погоре се за основниот модел, но истата цена може да достигне и преку 100 илјади евра.

     

    ПОБРЗ ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА

    Со 2,9 литарскиот бензински мотор, Стелвио до 100ка забрзува за 3,9 секунди што го прави далеку побрз од конкуренцијата. Само за споредба Порше Кајен до 100ка забрзува за 5,2 секунди, X3та за 5,2 секунди, F-Pace за 5,1 секунда итн.

    И чудно би било доколку Алфа Ромео не покажува подобри перформанси барем на ова поле. Спортскиот карактер што Алфа Ромео и во наредниот период ќе го прокламира на своите модели, а што е дел од долгорочната развојна стратегија подразбира вградување на моќноста како елемент во јадрото на Алфините автомобилите.

    ФОТОГАЛЕРИЈА

    Алфа Ромео Стелвио

    АНКЕТА

     

    Дали Стелвио може да ја врати успешноста на Алфа Ромео?

    Да
    Не

    Easy riddles

     

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...