Сакате спортски автомобили? Фанови сте на Ламборгини? Тогаш дефинитивно треба да го посетите Музејот на Ламобргини лоциран во Сант Агата Болоњезе (Италија). Музејот е отворен во 2001 година и реновиран во 2016 година и во него се изложени најретките модели на Лаборгини, а целата поставка се проценува на неколку милијарди евра.
Тука може да се најде легендарниот модел 350GT како и Сесто Елементо, но и концептите Венено и Миура. Во продолжение АутоКлуб ве носи на виртуелна прошетка низ музејот.