Новиот шампион во Формула 1, Нико Розберг, призна дека му било многу тешко да го надмине својот гнев кон Луис Хамилтон и да се бори за титулата во минатата сезона. Поранешниот пилот на Мерцедес водеше тесна битка со клубскиот колега во текот на три години и ја освои титулата само еднаш – минатата година, кога подоцна и се откажа од спортот.
“Гневот е поголем кога човекот кон кого е наменет, прави работи кои ја преминуваат границата. Луис е многу добар во тоа да дојде до работ без да ја помине границата благодарение на своите вештини во колата. Тој е многу, многу паметен и ми беше тешко да се натпреварувам со него гума до гума, тој ме направи посилен. Јас сум повеќе рационален и станав поагресивен, бидејќи во минатото тој премногу често ме подучуваше. Медитирав секое утро и секоја вечер по 20 минути. Така човек може да разбере зошто чувствува завист, гнев или стрес. И така, умот го смирував. Ако стравот ми ѕиркаше од некаде, јас ќе го изгубев шампионатот. Човек се поврзува со негативната мисла, и така ја губи силата “, објасни Нико.
Розберг во моментов размислува за впуштање во Формула Е.