Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо има уште 10 години, за да успее да ги освои “24-те часа Ле Ман”, тврди неговиот пријател и поранешен ривал на патеката Марк Вебер.
Алонсо веќе го направи првиот тест за Инди 500, а главната цел е освојувањето на на Triple crown (Гран при на Монако, Индијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман), што досега ги постигнал само еден пилот во историјата на моторспортот – Греам Хил .
“Тој може да го направи тоа во наредните 10 години, нема каде да брза. Во неговите очи Инди 500 е најтешкото натпреварување и јас веројатно можам да се согласам со него. Тој има доволно време за да стане победник таму, а потоа ќе има неколку години за да стигне до успех и на”Ле Ман”, изјави австралиецот
Австралиецот стана светски шампион во сезоната 2015 во WEC.