Гран При на Монако е сцената за првата јавна појава на новиот Mеgane R.S., управуван од пилотот на Рено тимот во Ф1 Нико Хулкенберг.
По промоцијата на оригиналниот Mеgane R.S. во 2004, мисијата на моделот отсекогаш била да ја прикаже страста кон моторниот спорт. Експертите на Renault Sport повторно користеа технологии од Ф1, за да создадат ексклузивен пакет од аеродинамична ефикасност, однесувањето на патот и висока динамика.
Новиот Mеgane R.S. ќе биде претставен на автомобилскиот салон во Франкфурт 2017 на 12 септември, а неговата продажба ќе стартува во првиот квартал на 2018 година.