Движењето на патишата низ Македонија се одвива во нормални услови по наместа влажни коловози без поголеми задржувања на граничните премини како за влез така и за излез од државата.
АМСМ пренесува дека во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
Илинден АД Струга известува дека времено ќе го регулира режимот на сообраќај на магистралниот пат А2 и тоа на делницата од Кичево до Охрид. Оваа измена ќе трае се до изградбата на делницата Кичево – Охрид (Пресека).