Special Vehicle Operations (SVO) на Jaguar Land Rover го најави најмоќниот, најпргавиот и најекстремниот Jaguar до сега. Новиот XE SV Project 8, прототип верзија на спортскиот седан Jaguar XE со 600 КС, создаден од SVO Design, и нуди динамика на суперавтомобил.
Со зголемената верзија на 5-литарскиот мотор V8 со компресор суперчарџер на Jaguar Land Rover Project 8 ќе стане вториот колекционерски автомобил од SVO по успешното лансирање на Jaguar F-TYPE Project 7 во 2014 година.
Не повеќе од 300 автомобили, сите рачно склопени во Техничкиот центар на SVO во Ковентри, ќе бидат создадени за продажба на глобално ниво.