Паралелно со развојот на серискиот модел на Серија 8 инженерите на BMW M веќе напорно работат на нов М модел.
Целосно маскиран прототип на идното BMW M8 ќе биде претставен како автомобил во движење во рамките на дополнителната програма на трката 24 часа на Нирбургринг. Класичните М елементи како зголемениot воздух, модифициран систем за сопирање или спортскиот издувен систем со четири издувни цевки укажуваат не само за значително зголемената моќност и динамичниот потенцијал на возилото, туку и ветуваат исклучително емотивно доживување при возење.