Yamaha Motor објави дека нивниот мотоцикл XSR900 е избран како “Best of the Best” во трката за светски познатата “Награда Црвена точка: Дизајн на производ” за 2017 година
Ова е петта година по ред од 2012 година, во која производите на Yamaha Motor ја добиваат оваа награда.
XSR900 е создаден за мотоциклистите во развиените пазари – таму каде што културата да уживаш на моторциклот како хоби е добро етаблирано – кои претпочитаат “повеќе традиционални” стил на машината. Благодарение на едноставен ретро изглед во комбинација со карактеристиките добиени преку револуционерни технологии , сопственикот се чувствува горд и доживува задоволство при возењето.
Покрај тоа, оваа награда е петтото одличје за дизајн за XSR900 – по “Good Design BEST100”, “Auto Color Award 2016 Special Prize”, “JIDA Design Museum Selection Vol.18” и “iF Design Award”.
Освен тоа XSR900 е првиот производ на Yamaha Motor кој добил пет награди за дизајн.