Иновациите во транспортот никогаш не прекинуваат, туку со забрзано темпо продолжуваат. По Холандија и Франција кои тестираа соларни патишта, периодов во Англија се тестира улици од рециклирана пластика.
Иновативната старт-ап компанија МекРибр има за мисија да го замени традиционалниот асфалт кој е составен дел од најголемиот дел од патиштата со пластични палети. Материјалот од кој се произведени овие пластични палети се од 100% рециклирани материјали, а целта на овој проект е отпадот да се реупотреби и тоа во создавањето на патишта.
Тестирањето на улиците од рециклирана пластика во моментов се изведува во Глочестер и Камбрија, а наскоро се очекува да се тестираат и во останатите делови од Англија.