Роберт Кубица ќе одржи тест со болид од Формула 1 на патеката во Валенсија утре. Ова е неговиот прв допир со шампионатот од 2011 година, кога стави крај на неговата кариера во Формула 1. Тогаш полјакот учествуваше на официјален тест на “Рикардо Тормо”, само неколку дена пред тешката несреќа на релито во Андора, по која претрпе бројни операции и долго закрепнување.
Оваа година Кубица направи привремено враќање на патеката како испробуваше различни шампионати, вклучувајќи GP3 на “Франчакорта”, Формула Е на “Донингтон парк” и тестовите за светските серии по издржливост, вклучувајќи ги “24-те часа на Ле Ман”.
Утре тој ќе седне во Lotus E20 и ќе се приклучи кон тестирањето на Рено во Шпанија, кое ќе биде неговиот прв тест со болид на Формула 1 за последните шест години.