Јапонскиот производител на автомобили Субару објави дека новиот лимитиран модел WRX STi ќе се појави на пазарот на почетокот на следната година. Сепак љубителите на овој јапонски бренд од Европа нема да може да уживаат во него бидејќи како што соопштуваат од компанијата новиот модел ќе биде достапен само во САД.
Од Субару наведуваат дека од WRX STi ќе бидат произведени само 500 автомобили чија цена засега не се открива. Она што е потврдено е дека овој модел ќе биде достапен само со 2,5 литарски турбо мотор со 305 кс.
Инаку WRX-от на Субару за прв пат се појави 1989 година, а својата популарност ја доживеа како учесник на ФИА натпреварувањата.

