Пилотот на Дукати Андреа Довициозо успеа да оствари одличен старт и да ја искористи добрата брзина на мотоциклот и високите температури на патеката, освојувајќи ја трката за Гран При на Каталонија. Италијанецот поведе во деветтата турнеја, а потоа не го испушти првото место ниту за миг. Со успехот
Довициозо израмни еден од најуспешните периоди на Дукати кога главно лице беше Кејси Стонер. Неговата втора последователна победа беше прва таква за тимот од 2010 година.
На второто и трето место остана дуото на Хонда, Марк Маркез и Дани Педроса, кој исто така на моменти водеа.
Хорхе Лоренцо заврши четврти, а Валентино Роси успеа да финишира пред клубскиот колега Маверик Виналес, но на осмата позиција, додека младиот шпанец остана 10-ти пред родната публика во Барселона.
🏁 #MotoGP Race Results#AD04 #MM93 #DP26#JL99 #JZ5 #JF94#AB19 #VR46 #HB8#CatalanGP pic.twitter.com/SX2uVD3jbQ
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 11, 2017