Ферари не започнале да водат преговори со двајцата пилоти за продолжување на договорите за 2018 година, бидејќи се разочарани од своите пилоти, иако во оваа сезона Себастијан Фетел во моментов е лидер на табелата кај возачите, а тимот од Маранело е сепак втор кај конструкторите, и Мерцедес повторно е лидер.
Се шпекулира дека Кими Раиконен сигурно ќе го напушти тимот на крајот на сезоната, а најверојатно и Формула 1. Фетел би можел да продолжи во Мерцедес и да биде тимски колега со најголемиот конкурент Луис Хамилтон.
Замена за германецот и финецот од Ферари гледаат во шпанскиот ветеран Фернандо Алонсо и младиот сонародник на шпанецот Карлос Сајнц Јуниор.