Швајцарскиот тим Ребелион доби казни на овогодинешните “24 часа Ле Ман” и финишира трет, но најголемиот удар дојде откако трката заврши. Екипата во состав Нелсињо Пике, Матијас Беш и Давид Хајнемејер беше дисквалификувана ден по завршувањето на 24-те часа, а на нивно место се најде вториот тим на холивудскиот актер Џеки Чен од одделение LMP2.
Причината за последната и најтешка казна за Ребелион со број 13 е поради нарушување на правилата за интегритетот на каросеријата.
Сите останати тимови зад нив поминуваат со по едно место напред, вклучувајќи ја и Тојота која исто така беше казнета.