Во претстојната трка за Гран При на Азербејџан казна на стартот ќе добие не само Фернандо Алонсо, туку и клубскиот колега од Мекларен Стофел Вандоорн.
Двајцата пилоти на Мекларен ќе се повлечат со најмалку 15 места на стартот во Баку поради промена на елементи од моторите на нивните болиди.
Проблемите на Хонда оваа сезона не се тајна за никого, како почесто станува збор за дефект во MGU-H. Сега јапонскиот производител подготвил нов дел, со кој се надева да ги поправи работите и како резултат Алонсо и Вандоорн ќе имаат нови турбокомпесори.