Дебитант во кралската класа оваа година Јован Жарко ги победи Марк Маркез, Данило Петручи и Валентино Роси, Скот Рединг и Јонас Фолгер во напнатата квалификација на влажната патека “Асен” за ГП на Холандија.
Французинот го освои првиот подиум пред родната публика на “Ле Ман” минатиот месец, а сега има и можноста да стартува од пол-позицијата за прв пат во MoтоГП.
Интересно во првата квалификација Џек Милер, Скот Рединг и Лорис Бас се бореа за двете места во втората сесија, но во последните секунди Сем Лоус ги изненади и со Рединг добија право да се борат за полпозиција. Хорхе Лоренцо исто се најде во првата квалификација, но далеку не успеваше да ги стигне нив двајцата. На трката утре тој ќе стартува од 21-ва позиција што е најлош квалификациски резултат некогаш.
Чад и технички проблем имаше и мотоциклот Aприлија на Сем Лоус кој го лиши од добар резултат две минути пред крајот на сесијата.
Зад Фолгер се наредија Баутиста, Кречлоу, Довициозо, Лоус, Виналес и Педроса.