More
    HomeСпортКлубF1Рикиардо ја освои најинтересната трка сезонава во Формула 1, додека Хамилтон и...

    Рикиардо ја освои најинтересната трка сезонава во Формула 1, додека Хамилтон и Фетел правеа “циркус”(ВИДЕО)

    Објавено на

    Дениел Рикиардо победи на трката во Баку – Азербејџан, откако Луис Хамилтон и Себастијан Фетел решија да ни принудат циркус за време за безбедносното возило. Пилотот на Ред Бул го искористи тоа и славеше на најинтересната трката сезона, со што ја запиша петта победа во најелитниот мото спорт.

    На подиумот се качија и Валтер Ботас од Мерцедес и Ленс Строл од Вилијамс, за кого ова беше деби на подиумот.

    Во денешната битка за победата во Гран При на Азербејџан од прва стартна редица стартуваа и двата болида на Мерцедес. Првата позиција ја бранеше Луис Хамилтон, а од втора клубскиот колега од Финска – Валтер Ботас

    По вчерашните квалификации трети остана Кими Раиконен од Ферари, а клубскиот колега Себастијан Фетел не успеа да се претстави на ниво во вчерашната квалификација и остана на четвртата стартна позиција.

    По стартот Фетел проба амбициозен напад против Раиконен и вториот Ботас. Себастијан сепак застана со блокирање на гумите, за да не удри во својот соиграч. Кими за возврат проба да претекне Валтер, но за финскиот пилот на Мерцедес не остана место и удри во задна десна гума на сонародникот од Ферари. Лидерот Хамилтон без проблеми ја задржи својата позиција и поведе самоуверено во колоната.

    Во 13-от круг на патеката за прв пат се појави автомобилот на безбедноста поради дефект во болидот на Даниел Кват од Торо Росо, кој беше принуден да запре на патеката. Во обиколки при движење со мала брзина се појави штета во автомобилот на Макс Верстапен, кој отпадна во четвртиот од последните шест стартот.

    Трката продолжи, а следуваше веднаш судир меѓу тимските колеги од Форс Индија, кој беа трети (Сехио Перез), и четврти (Ленс Строл), а од нивниот судир настрада и Кими Раиконен, кој ја заврши трката заедно со Серхио Перез. Додека на патеката беше безбедносното возило, невидено Луис Хамилтон застана, а Себастијан Фетел кој беше втор се удри во него, потоа германецот луто, дојде крај него и го удри, по што трката потоа беше запрена поради остатоци на патеката.

    По неколку минути трката продолжи, а на патеката се вратија и откажаните Серхио Перез и Кими Раиконен. Даниел Рикиардо стартуваше одлично, и изби на третата позиција.

    Во 31-от круг Хамилтон доби иструкции дека мора да оди во бокс, но поради инцидентот и Фетел доби казна од 20 секунди во бокс. Хамилтон излезе 9-ти, а бесниот Фетел не сакаше да оди во боксот, па така три пати беше замолен на тимското радио да ја послуша командата. Германецот на крајот попушти и влезе во боксот да ја издржи казната во 34-от круг, излегувајќи сепак пред Хамилтон.

    За Ферари тоа како да не беше доволно, па само што излезе германецот, и финецот доби казна, поради не регуларна брзина во боксот. Само неколку секунди подоцна казна доби и Серхио Перез поради истото.

    Во 36-от круг борба на “титаните”, Алонсо беше нападнат од Фетел и Хамилтон, кој минаа напред, а потоа британецот отиде во напад на германецот, кој добро се одбрани. Па така Фетел беше шести, а Хамилтон седми.

    38-ми круг Заубер во шок, по судирот на нивните пилоти меѓу себе Маркус Ериксен и Паскал Верлајн.

    Во 40-от круг Фетел и Хамилтон го минаа и Магнусен, и тргнаа во поход по Окон, кој беше минат круг подоцна.

    45- круг Рикиардо лидер, Строл изненадувачки втор, Ботас трет, а Фетел и Хамилтон на четврта, односно петта позиција.

    Во последниот круг, или ако сакате последни метри, Ботас го мина Строл.

     

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...