Валентино Роси докажа дека има потенцијал да се бори за десеттата титула во кариерата откако дојде до феноменална победа во Гран При на Холандија. Италијанецот поведе за прв пат во трката уште во деветиот круг и покрај огромните напори на конкуренцијата во лицето на сонародниците Данило Петручи и Андреа Довициозо даде сè од себе и освои едно од најпознатите натпревари од почетокот на сезоната.
Со рекордната десетта победа во Холандија тој официјално стана пилотот со најдолга победничка кариера во сите класи на мотоциклизмот – неговата прва победа во најниска класа беше пред 20 години и 313 дена!
Во меѓувреме несреќата на Маверик Виналес му ја одзеде првата позиција во генералниот пласман, која веќе е во рацете на Андреа Довициозо. Виналес станува втор, и остана без ниту еден поен од Холандија, а Валентино Роси се приближи кон врвот на третата позиција, но со заостанување од само 7 поени спрема новиот лидер.
Друштво на подиумот му направија Данило Петручи и Марк Маркез, кој исто така со многу мака се избори за третото место.
Новиот лидер Довициозо остана на петтата позиција зад Кречлоу, а минатогодишниот победник во Холандија Џек Милер заврши шести.