LAMBORGHINI CENTENARIO – 1.750.000 €
Ова Ламборгини е најевтино на оваа листа. Но и покрај тоа не треба да се потцени цената од 1,75 милиони евра како и 770 КС. Од 0 до 100 км/ч забрзува за само 2,8 секунди.

FERRARI LAFERRARI APERTA – 2.000.000 €
Само два модели од ова Ферари се произведени. Максималната брзина изнесува 350 км/ч, а за да може да уживате и во 800 КС ќе мора да издвоите 2 милиони евра.

PAGANI HUAYRA ROADSTER – 2.210.000 €
Сосема очекувано, на оваа листа се наоѓа и Пагани. 2,21 милион евра треба да издвоите доколку сакате да го имате овој италијански автомобил кој има АМГ V12 мотор.

FERRARI J50 – 2.500.000 €
Уште едно Ферари на оваа листа. Станува збор за Ј50 чија вредност изнесува 2,5 милиони евра. Овој автомобил во себе “носи” 3,9 литарски V8 мотор со 690 КС.
BUGGATI CHIRON – 2.393.000 €
Единственото Бугати на оваа листа. Групацијата Порше неодамна успеа да го развие најскапото Бугати досега. Станува збор за Широн чија цена достигнува речиси 2,4 милиони евра. Овој автомобил важи за автомобил со најмногу КС и тоа дури 1500 КС кои произлегуваат од W16 тетратурбо моторот. Максималната брзина која може да ја достигне овој автомобил изнесува 458 км/ч.
PAGANI HUAYRA BC – 2.393.000 €
Уште еден автомобил на Пагани се најде на листат на најскапи автомобили. Со идентични карактеристики како и претходниот автомобил, но и цена од 2,4 милиони евра, овој автомобил на Пагани е на 5то места на листата на најскапи автомобили.

ICONA VULCANO TITANIUM – 2.580.000 €
Навидум анонимна марка, но доколку сакате да го имате овој автомобил ќе треба да платите 2,58 милиони евра. V8 6,2 литарски мотор со 680 КС добивате за таа цена, а 100 км/ч можете да достигнете за само 2,8 секунди
ASTON MARTIN VALKYRIE – 2.700.000 €
Можеби изненадувачки, но на третата позиција како најскап автомобил се најде Астон Мартин Валкири чија вредност изнесува 2,7 милиони евра.

W MOTORS LYKAN HYPERSPORT – 3.130.000 €
Компанија со седиште во Дубаи успеа да го развои вториот најскап автомобил. Ликан ХајперСпорт може да се најде само во ограничени количини. Цената изнесува 3,13 милиони евра, а за оваа цена добивате автомобил со 770 КС кој до стотка може да забрза за 2,7 секунди.

LAMBORGHINI VENENO ROADSTER – 4.143.000 €
Со цена од 4,1 милион евра, Венено е најскапиот автомобил. V12 со 6,2 литарскиот мотор и 760 КС е доволно за до 100 км/ч да забрза за 2,9 секунда. Максималната брзина која може да ја достигне изнесува 355 км/ч.