Лидерот во генералниот пласман на Moтo2 Франко Морбидели ќе добие место во трките во кралската класа во следната сезона во Хонда – Marc VDS. Италијанецот освои четири од првите пет круга на сезоната и беше поврзуван и со други тимови во MoтоГП за 2018-та.
Тоа значи дека или Џек Милер, или Тито Рабат ќе го напуштат тимот. Договорите и на двајцата им истекуваат оваа сезона, како во моментов тие водат преговори и со некои од тимовите на Дукати. Џек Милер сепак има една победа на своето име од Холандија минатата година и доста добри резултати во однос на сегашниот соиграч.
Сите места во тимот на Дукати во моментот се слободни за следната сезона, но пилотите им се справија доста добро во последните месеци, вклучувајќи го и – Данило Петручи, Скот Рединг и Алваро Баутиста. Во исто време во Сузуки не се задоволни од настапот на Андреа Јаноне.