Се чини дека 2017 и тоа како ќе биде значајна година за СЕАТ. Фолксваген Групацијата е решителна во наредните неколку години фокусот за развој да го постави кон СЕАТ и Шкода. По новите Леон, Ибица и Атека, СЕАТ го лансира новиот модел Арона. Станува збор за квази СУВ со кој СЕАТ ќе конкурира уште на еден сегмент во автоиндустријата. Деновиве СЕАТ им приреди нов тизер и возбудување на фановите на СЕАТ и на оригинален начин го претстави Арона. Така, со помош на хеликоптер новиот модел на СЕАТ ја надлетуваше Барселона, а жителите, но и бројните туристи љубопитни гледаа во возилото.
Инаку официјално на пазарите во Европа новата Арона ќе се појави во втората половина на годината, најдоца на почеток на следната година на источноевропските пазари.
Ова се конкурентите
СЕАТ Арона веднаш откако беше претставена на авто саемот во Париз минатата година веднаш ги доби и конкурентите. Нисан Џук и Рено Капчр се главните конкуренти на Арона. Секако тука не треба да се заборават и Пежо 2008, ФИАТ 500, Џип Ренегејд, Тојота C-HR, Хонда HR-V и Ситроен С4.
Од СЕАТ веруваат дека Арона ќе може да се позиционира на првата позиција според продажба каде во моментов се наоѓа Рено Капчр кој во првиот квартал од годината беше продаден во неверојатни 54931 примероци.
Што се крие зад името?
Веќе децении наназад СЕАТ не се откажува од воспоставената пракса да своите модели ги именува по градови низ Шпанија. Кордоба, Леон, Ибица, Атека, а сека и новиот модел добива име по град. Овој пат СЕАТ се решија името на градот на Тенерифе, Арона да го доделата на овој кросовер. Инаку градот има популација од 80 илјади жители и е познато туристичко место на Канарските Острови.