Луис Хамилтон изјави дека според него Валтер Ботас заслужува да остане во Мерцедес барем уште една сезона.
“Мислам дека си го заслужи правото да е тука и да е дел од семејството на Мерцедес долгорочно. Колку што знам, тоа е единствениот тим кој ги поддржува личностите со кои работи. Ние како пилоти стануваме дел од ова семејство до крајот на животот и Валтер докажа дека го заслужува. Врши одлична работа и продолжува да се развива. Тоа е само првата година во тимот, а веќе има победа и носи многу поени на тимот. Ќе продолжи да станува посилен. Само треба да му се даде можност да го стори тоа”, изјави Хамилтон.
Ботас се приклучи на тимот на почетокот на 2017 година, заземајќи го местото на пензионираниот Нико Розберг, но со договор само за една сезона.