More
    HomeСпортКлубF1Фернандо Алонсо: "Оваа сезона сум во најдобра форма"

    Фернандо Алонсо: “Оваа сезона сум во најдобра форма”

    Објавено на

    Во Гран При на Азербејџан Фернандо Алонсо конечно заврши во топ 10 и ги донесе првите поени на Мекларен оваа сезона. По трката шпанскиот пилот изјави дека според него неговиот успех се должи на искуството и добрата форма во која се наоѓа во моментов.

    “Мислам дека човек учи многу работи во текот на својата кариера. Ако се бев натпреварувал со себе пред 10 или 15 години, сигурно ќе бев исто толку брз, но со малку повеќе ситни грешки овде и таму. Сега знам кога треба да се притисне кога треба да сум стрпелив, со каква прецизност треба да одам во питстопот, техники за заштеда на гориво, подготовка за квалификации, работа со гумите. Човек учи толку многу работи во текот на својата кариера и нема како конечно да не стане подобар пилот. Кога не си конкурентен, сето тоа те разочарува. Од друга страна, оваа сезона сум многу задоволен од правилата, од автомобилите, од начинот на кој може да ги нападнам свиоците . Никогаш досега не сум имал толку голема разлика со клубскиот колега, колку оваа година. Во соседната кола е пилот кој ги освоил сите други категории досега, а сега јас го штитам, што значи дека дефинитивно сум во најдобра форма”, изјави Алонсо.

    Алонсо е двократен светски шампион.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ