Пилотот на Хонда во класата Moто2 Франко Морбидели ја освои шестата победа од девет натпревари од почетокот на сезоната, зголемувајќи ја предноста во генералниот пласман на 37 поени во однос на вториот Томас Луј и на 51 поен во однос на третиот Мигел Оливеира со КТМ. Морбидели заврши за 41:05.137 минути во Германија, а со заостанување од само 0.066 секунди финишира Оливеира, кој беше во здрава битка за првото место денес на германската писта “Заксенринг”. Трет заврши Франческо Банаја, но на повеќе од половина секунда заостанување.
Хоан Мир ја освои победата во класата Moто3 на светскиот шампионат на патеката во Германија, откако ја презеде лидерската позиција дури во последната турнеја на “Заксенринг” и ја задржа до крајот. Шпанскиот пилот на Хонда заврши со време 39:34.775 минути и ја зголеми предноста на врвот на табелата. Втор зад Мир остана Романо Фена, кој заврши со 0.121 секунди зад победникот. Третото место пак го зазеде Маркос Рамирез (Шпанија, КТМ) со 0.218 секунди заостаток. Мир е лидер на табелата за титулата со предност од 165 поени, додека Фена е со 128. На трето место со 110 поени е Арон Симет, кој тргна лошо, а потоа падна, и не ја заврши трката и ја загуби втората позиција во шампионатот.