Два од шампионатите во моторниот свет – Формула Е и светските серии по издржливост (WEC), успеаја да избегнат поклопување во тркачките календари во следната сезона, потврди претседателот на електричните серии Алехандро Агаг.
Календарот за Формула Е стана јасен уште минатиот месец, како тој почнува на 2-ри декември и завршува на 29-ти јули следната година со 14 натпревари во сезоната. Тогаш стана јасно дека тој нема да се поклппи со трките во сериите на издржливост – “24-те часа на” Ле Ман “, закажани за 16 – 17 јуни 2018 година.
Новите сопственици на Формула 1 Liberty Media исто стигнаа до едногласно решение со шефовите на “Ле Ман” за следната сезона.