More
    HomeСпортКлубF1Ботас со втора пол-позиција во кариерата

    Ботас со втора пол-позиција во кариерата

    Објавено на

    Пилотот на Мерцедес Валтер Ботас успеа да го победи Себастијан Фетел од Ферари, и да стартува од првата позиција при казната од пет позиции на другиот пилот на “сребрената стрела” Луис Хамилтон за утрешната Гран При на Австрија. Така по денешната квалификација финецот ќе има шанса да ја нападне победата на патеката “Ред Бул Ринг”, но пред тоа ќе треба да се справи со Фетел.

    Четирикратниот светски шампион беше побавен од лидерот со 0,4 сек., но неговите шанси се многу поголеми, откако Хамилтон запиша едвај трето време. Со додадените пет позиции наназад на стартната поради промена на менувач британецот ќе мора да се бори за место на подиумот од осмото место.

    Така четвртиот во денешните квалификации Кими Раиконен од Ферари ќе стартува од третото место утре. Зад него ќе бидат тимските колеги од Ред Бул Даниел Рикардо и Макс Верстапен. Ромен Грожан од Хас и Серхио Перез од Форс Индија, исто така заработија по една позиција напред поради казната на Луис и ќе стартуваат односно од шесто и седмо место.

    Другиот пилот на Форс Индија – Естебан Окон, и Карлос Сајнц од Торо Торо го дополнуваат редењето во првите десет.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ