Беше најбрз на тренинзите пред квалификациите и тоа со рекорд, но сепак Луис Хамилтон доби казна за ГН на Австрија и ќе мора да стартува 5 места наназад на стартната линија за трката во недела.
Британецот е санкциониран од ФИА, откако од тимот Мерцедес решиле да го сменат менувачот на болидот, што не е според правилата. Од Мерцедес објаснија дека во менувачот има отворен проблем по претходното натпреварување во Азербејџан што е потребна промена.