Ауди и официјално станува конструктор во Формула Е. Германскиот конструктор ги напушти светските серии по издржливост на крајот на минатата година по 18 успешни сезони и меѓу Јагуар и ДС во електричниот шампионат ќе се фокусира на електрифицирани автомобили и надвор од патеката.
Првиот електричен автомобил на Ауди – E-tron SUV, ќе започне со производство во 2019-та. Ауди исто така планира создавање на електрична суперкола. Се очекува тие да ги задржат досегашните пилоти на тимот – Лукас ди Грас, кој е тркач на германскиот конструктор со години, и Дани Абт – синот на поранешниот сопственик.