Порше се пофали со најбрзото и најмоќно 911, кое излегло на пазарот некогаш – Porsche 911 GT2 RS.
Во срцето на подобрувањата во автомобилот стои новиот битурбо боксер мотор со 700 КС. Со тежина од 1 470 килограми при полн резервоар, двосед спортски автомобил забрзува од 0 до 100 км / ч за импресивни 2.8 секунди. Моделот е опремен со погон на задните тркала, развива максимална брзина од 340 км / ч, а со својата блиска до моторспортот технологија новата 911 GT2 RS го подобрува својот претходник со 80 КС и достигнува вртежен момент од 750 Nm, што е зголемување за 50 Nm.
Моторот е создадена врз основа на 3.8-литарски во 911 Turbo S со 580 КС. Нов дополнителен систем за ладење кој прска вода во самиот кулер и така ја намалува температурата дури и кај врвните оптоварувања. GT трансмисијата со седум брзини и двојна спојка (PDK) во новата GT2 RS овозможува моќноста да биде префрлена кон асфалтот со минимални загуби.
“Дијамантите” со кои располага моделот, не завршуваат тука. Издувниот систем е создаден од лесен титаниум, а резултатот е приближно 7 кг надолу во споредба со системот што се користи во 911 Turbo.
Porsche 911 GT2 RS е достапна во Германија по цена од 285 220 евра.