Сопствениците на патеката “Силверстоун” од Британскиот клуб на автомобилските натпреварувачи (BRDC), ја активираа клаузулата во договорот со Формула 1, која им овозможува да го напуштат шампионатот. Тоа ќе се случи веднаш по трката за Гран При на Велика Британија во 2019 година.
Главната причина за тоа е постојаното зголемување на надоместокот за учество на патеката во шампионатот. Во изминатите две години бараните пари се зголемија и тоа доведе до загуби во износ од 7,6 милиони фунти.
Така домаќинот на првиот круг во историјата на Формула 1 во 1950 година се повлекува предвреме од календарот, откако во 2010 година потпиша продолжување на договорот со тогашниот шеф на спортот Берни Еклстоун до 2026.