More
    HomeСпортКлубF1Официјално: Ферари ќе го задржи Фетел, но не и Раиконен

    Официјално: Ферари ќе го задржи Фетел, но не и Раиконен

    Објавено на

    Претседателот на Ферари Серџо Маркионе изјави во Австрија, дека раководството е подготвено со новиот договор на Себастијан Фетел и чекаат четирикратниот шампион да донесе одлука и да даде знак дека е подготвен да потпише. Сезоната 2017 е трета на Фетел со Скудерија. За време на целиот престој во Маранело германецот забележа вкупно шест победи, половина од нив – во последните три месеци, по што изјави дека нема намера да го менува клубот.

    За разлика од Фетел ситуацијата на клубскиот колега Кими Раиконен е поинаква. По критиките кон финецот, тој се изјасни дека го дава најдоброто од себе, но од Скудерија велат дека тое не е доволно па така веќе се бара негова замена.

    Маркионе го негираше враќањето на Фернандо Алонсо во Скудерија, иако сегашните договори на Кими Раиконен и Себастијан Фетел со Ферари истекуваат на крајот на оваа сезона, како и оној на Алонсо со Мекларен, кој речиси сигурно ќе ја напушти Хонда. Од почетокот на сезоната се шпекулира дека тој ќе се врати во стариот тим (Ферари) или ќе се откаже од кариерата во Формула 1.

    Сега број 1 цел на Ферари е пилотот на Ред Бул Макс Верстапен,во кого гледаат како заменик на Раиконен. Втора опција е пилот на вториот тим на Ред Бул – Торо Росо, шпанецот Карлос Сајнц Јуниор.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ