More
    HomeСпортКлубF1Ботас најбрз на тренинзите на "Силверстоун", Алонсо доби една казна го чека...

    Ботас најбрз на тренинзите на “Силверстоун”, Алонсо доби една казна го чека и друга

    Објавено на

    Пилотот на Мерцедес Валтер Ботас успеа да запише подобро време во првиот слободен тренинг од клубскиот колега Луис Хамилтон во домашната за англичанецот Гран При на Велика Британија. Луис е мотивиран до крајни граници да победи пред домашната публика и да го престигне главниот ривал за титулата Себастијан Фетел од Ферари, кој води на табелата кај пилотите со 20 поени.

    Од лидерите по првиот тренинг на легендарната патека “Силверстоун” само двете ѕвезди на Мерцедес запишаа најдобри времиња. Најблиску до пилотите на Мерцедес се доближи младата надеж на Ред Бул Макс Верстапен кој забележа трето време, со половина секунда заостанување од Ботас. По традиција од почетокот на овогодинешниот шампионат холанѓанецот е побрз во подготовките за трката од клубскиот колега Даниел Рикардо, но во трката Макс отпаѓа поради технички проблем или удар, а Рикардо се качува на подиумот.

    Рикардо остана четврти на 0,8 сек. од лидерот, а најбрз пилот на Ферари утрово беше Кими Раиконен. Финецот се нареди петти, претекнувајќи го клубскиот колега и лидер во шампионатот, Себастијан Фетел.

    Даниел Кват постигна седмо време за тимот на Торо Росо, а ѕвездата на Мекларен-Хонда Фернандо Алонсо успеа да се пласира осми. Рангирањето на Топ десет го додаваат пилотот на Вилијамс Фелипе Маса и Стофел Вандоорн од Мекларен-Хонда.

    Валтер Ботас беше побрз од клубскиот колега Луис Хамилтон и во вториот слободен тренинг за Гран При на Велика Британија, запишувајќи круг на “Силверстоун” за 1.28.496 минути. Трети и четврти финишираа двајцата пилоти на Ферари Кими Раиконен и Себастијан Фетел, а петти и шести останаа Макс Верстапен и Даниел Рикардо со Ред Бул. Во топ 10 место имаше и за Нико Хулкенберг, Фелипе Маса, Фернандо Алонсо и Естебан Окон.

    Фернандо Алонсо ќе биде казнет со најмалку десет позиции на стартната линија за Гран При на Велика Британија во недела. Шпанецот ќе го тестира најновиот двигател на добавувачот на мотори за Мекларен овој викенд од Хонда.

    Хонда продолжуваат да скита во темница и овој викенд му даваат на Алонсо нов MGU-H модул, што автоматски значи и казна со десет позиции на стартната линија, а во случај дека Алонсо и неговиот тим имаат потреба и од уште една промена во моторот, казната ќе стане уште поголема.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...

    И за Rolls-Royce нема криза – зголемена продажбата во 2022 година

    Короната и воената интервенција на Русија во Украина која предизвика нови економски текови се...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ

    Еве кои се ослободени од плаќање на патарина

    Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за...

    Новата генерација на Renault Espace доаѓа на пролет

    Се е подготвено за новата, шеста генерација од моделот Espace, соопштуваат од Renault. Ова,...

    Тајната на автомобилите на Тито (ВИДЕО)

    Јосип Броз Тито несомено е најмаркантната личност на овие простори. Бројните анегдоти, настани поврзани...