More
    HomeСпортКлубF1Хамилтон ја освои пол-позицијата на "Силверстоун"

    Хамилтон ја освои пол-позицијата на “Силверстоун”

    Објавено на

    Луис Хамилтон успеа да го направи првиот чекор, кон победата во домашната Гран При на Велика Британија со освојување на денешната квалификација. Ѕвездата на Мерцедес ги израдува родните навивачи на трибините на патеката “Силверстоун”, откако ги остави зад себе и двајцата пилоти на Ферари.

    Изненадувачки непромислен потег направи лидерот во шампионатот, Себастијан Фетел. Германскиот пилот на Ферари не успеа да се избори со Луис, а дури остана на третата стартна позиција и зад клубскиот колега Кими Раиконен. Финецот ќе биде најблиску до Хамилтон. Валтер Ботас разочара со настапот денес. Финскиот пилот на шампионите од Мерцедес требаше да го нападне првото место, за да може да остане максимално близу до челото по неговото враќање пет места назад на стартната линија пред стартот утре поради казна за промена на менувач.

    Младата ѕвезда на Ред Бул Макс Верстапен продолжува со многу силното претставување во подготовката на викендите и квалификациите. Сето ова доведе до петтото место денес и односно четврта стартна позиција поради казната на Ботас. Проблемите за Макс доаѓаат во трките, но овој пат очигледно среќата се сврте и дефектот дојде во болидот на клубскиот колега Даниел Рикардо. Австралиецот отпадна уште во првата фаза од квалификациите по оштетување на моторот и остана последен. Нико Хулкенберг се рангира шести за тимот на Рено, седми е Серхио Перез од Форс Индија, осми Естебан Окон повторно од Форс Индија, а првите десет во рангот се додаваат Стофел Вандоорн од Мекларен-Хонда и Ромен Грожан од американскиот тим на Хас.

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто НАТО ја бомбардираше фабриката на Застава?

    Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на...

    Погребани заедно со СССР: Напуштени проекти на советски автомобили

    Russia Beyond на македонси, објави интересна статија поврзана со развојот на автомобилите во поранешниот...

    Видео за сите љубители на Bburago количките од 90-те

    Малите метални колички кои ги произведува Bburago веќе со децении се симбол на секое...

    Погледнете колку Skoda Octavia може да помине со 1 литар гориво (ВИДЕО)

    Екипата на Car Throttle направи невообичаен тест со цел да одговори на прашањето колку...

    СЛИЧНИ ОБЈАВИ