Ѕвездата на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои домашната Гран При на Велика Британија и ги крена родните навивачи на трибините на легендарната англиска патека “Силверстоун”. Клубскиот колега Валтер Ботас успеа да ја направи победата за “сребрената стрела” двојна со второто место денес. Финецот започна едвај деветти, но успеа да стигне до второто место на подиумот.
Тимот на Ферари доживеа целосен неуспех и само третото место на Кими Раиконен ги спаси до некаде италијанците, откако круг пред крајот Кими и Фетел мораа да ги доведат болидите до боксот поради проблем со гумите, Раиконен сепак успеа да влезе во боксот пред Фетел и тоа му овозможи да се врати трети. Фетел ја немаше таа среќа, и така четирикратниот светски шампион мораше да дојде до боксот, и по враќањето на трасата германецот сепак некако успеа да заврши седми и на тој начин да не дозволи Луис да го претекне во пласманот кај пилотите. Предноста на пилотот на Ферари сепак беше претопени од 20 на 1 поен.
До поени дојдоа уште пилотите на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикиардо, како и Реното на Нико Хулкенберг. Форс Индија исто така имаше двајца претставници во Топ 10 со Себастијан Окон и Серхио Перез, а листата на поени ја затвори Фелипе Маса од Вилијамс.