Трикратниот светски шампион Луис Хамилтон изјави дека оваа сезона неговиот нов тимски колега Валтер Ботас е подобро од него, макар што заостанува со 22 поени на табелата кај пилотите, од него и 23 од лидерот Себастијан Фетел.
Финецот победи на трката за Гран При на Австрија, а беше втор во Велика Британија. Така тој веќе е на третата позиција, претекнувајќи ги Даниел Рикардо од Ред Бул и Кими Раиконен од Ферари.
“Валтер заврши фантастична работа, па вистински заслужи да победи. Ако се погледнат резултатите, ќе видите дека тој покрај сето, имаше и проблеми. Затоа можам да кажам дека има подобра сезона од мене досега. Немаше момент во кој не е во битката за титулата. Секогаш сум замислувал дека ќе учествува во неа и со резултатите само го потврдува тоа”, изјави Хамилтон.
Ботас дојде во Мерцедес од Вилијамс како замена за шампионот Нико Розберг.