Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел утврди каде неговите главни ривали од Мерцедес за титулата во 2017 година го надминуваат тимот на Ферари.
Според германскиот пилот на Скудерија силата на болидите на Луис Хамилтон и Валтер Ботас е во квалификациите:
“Вистина е дека во последните две трки Мерцедес се претстават подобро. Реалноста сепак е таква што од почетокот на сезоната главен адут во борбата против нас за титулата е супериорноста во квалификациите. Моторите им се побрзи. Правиме се што е во наша моќ да се справиме со нив во трките, но не оди лесно. Се надевам дека до финалето борбата да е гума до гума на патеката и нека подобриот конечно победи”, изјави германецот.
Фетел сеуште е лидер на табелата кај пилотите, но по последниот круг за Гран При на Велика Британија изгуби многу вредни поени поради пукната гума во последниот круг и од 21 поен предност веќе е само на бод пред вториот Хамилтон.